петок, 1 мај 2026

Никола Секулов потпиша нов договор со Јувентус, останува во Торино до 2025 година

Објавено на

часот

Сподели

19-годишниот Никола Секулов кој е роден во Пјаченца, од 2016 е во младинскиот погодон на Јувентус. Тој сега потпиша нов договор, според кој ќе остане во клубот од Торино до 2025 година.
 
Секулов игра офанзивно во средниот ред, Јувентус со тоа што му дава нов договор, покажува дека смета во иднина на него.
 
Но, ова е и очекувуано ако се земе во предвид фактот дека Секулов има настапи за младинските селекции на Италија до 17, 18 и 20 години.
 
Тој играше и за македонските репрезентации до 15, 16 и 17, но потоа одлучи да игра за Италија.
 
Засега Секулов размислува слично како и Кулушевски кој наместо Македонија ја одбра Шведска. Разликата е што помладиот член на Јувентус, се уште нема настап за сениорската репрезентација на Италија, а тоа дава уште шанси дека може да заигра за нашата репрезентација.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ