петок, 24 април 2026

Меси секој ден губи по 100.000 евра

Објавено на

часот

Сподели

Од 1. јули, за прв пат во сојата кариера, Лео Меси е без клуб. Договорот на напаѓачот со Барселона заврши, никако да пристигне абер за нова соработка, ниту пак дека Аргентинецот се сели во друг клуб.

И додека се чекаат вести за иднината на Лео Меси, фудбалерот губи многу пари. Л’Екип направи свои пресметки и објави дека Аргентинецог секој ден губи по 100.000 евра.

Пресметките се базираат на претпоставката дека Лео Меси ќе прифати драстично намалување на платата за да остане на Камп Ноу и ќе се сложи на двојно помали примања од она што го заработуваше во изминатите четири години, односно нешто над 74 милиони евра нето по сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ