Димитар Ѓорѓиев по четврти пат стана светски шампион во кик-бокс. Во категоријата лоу-кик, до 81 килограм, Ѓорѓиев ја потврди својата доминација на овој шампионат, совладувајќи го во финалето Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0.
Ѓорѓиев беше супериорен во првата рунда, кога ја стекна предноста, а потоа искусно и тактички одлично го одржуваше водството и го неутрализираше протинвикот.
Претходно, на патот до финалето со ист резултат Ѓорѓиев ги победи и Дано од Италија, Даковиќ од Србија и Николов од Бугарија.
На СП во Језоло учествуваше и Бобан Илиоски, во категоријата до 86 килограми, но тој беше запрен уште пред полуфиналето.






