Минатото лето, раководството на Интер најавуваше дека нема да ги продаде најдобрите играчи во тимот и дека Ашраф Хакими ќе биде единствената „жртва“ но работите се променија кога Челси тропна на вратата и достави понуда за Ромелу Лукаку.
„Нероаѕурите“ одбија неколку предлози, но кога на маса беа ставени 115 милиони евра, Ромелу Лукаку си ги спакува куферите и се врати на Стемфорд Бриџ.
Генералниот директор на Интер, Бепе Марота сега вели дека фудбалерот од Белгија бил примамен од парите.
„Го продадовме Лукаку за 115 милиони евра и го донесовме Џеко за беспари. На теренот, нема многу разлика“ – вели Марота.
„Лукаку замина за да добива двојно поголема плата, во Италија нема шанси да има такви примања“.






