Се работи за 25-годишен кошаркар кој минатата сезона играше за Вашингтон и Филаделфија и одигра вкупно 60 натпревари.
Неговиот договор истече, а откако не успеа да најде нов ангажман во НБА реши да се пресели во Европа, во екипата на Црвена звезда.
Според неофицијални информации тој потпишал договор на година и пол со Црвена звезда и за тој период ќе заработи 3,8 милиони евра. Во договорот има и опција за раскин доколку на негова адреса пристигне понуда за враќање во НБА.
Џеред Батлер пред само неколку дена постигна 35 поени за Феникс санс против Лејкерс во претсезонските натпревари, но тоа не беше доволно „сонцата“ да одлучат да го задржат.
Фото: EPA






