сабота, 25 април 2026
Тренерот на Барселона имал многу замерки

Бесниот Флик ги заклучил фудбалерите во соблекувална по ремито против Рајо

Тренерот на Барселона, Ханси Флик бил бесен по ремито против Рајо Ваљекано, па ги заклучил фудбалерите во соблекувална и им одржал лекција.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ првите три натпревари од новата сезона во Ла Лига ги играат на гости, беа освоени седум бода, но Ханси Флик не е задоволен од прикажаното.

По ремито против Рајо Ваљекано, на кое голманот Жоан Гарсија беше најдобриот играч на Барселона, тренерот решил дека е време да им стави до знаење дека доста работи треба да се коригираат.

Како што пренесуваат медиумите, Ханси Флик ги заклучил фудбалерите во соблекувална и им одржал лекција, и ги потсетил играчите дека колективот е приоритет штом ќе излезат на теренот.

Слични беа и изјавите кои ги даде Германецот за медиумите, кога рече: „Кога преодниот рок ќе заврши, сите фудбалери што се во клубот мора да бидат 100% посветени на тимот. Не треба да иам его, его го убива успехот. Минатата година игравме како едно, и повторно треба да бидеме такви“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ