сабота, 27 април 2024

Отстранување од работа за еден и дисциплинска постапка за петмина полицајци кои пукаа пред тетовската болница

По поднесените две кривични пријави од СВР Тетово против М.Т., полициски службеник во полициската станица за граничен надзор при регионалниот центар за гранични работи Север, осомничен за сторено кривични дела насилство, помагање и обид во врска со кривично дело убиство и против други лица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршил увид во пријавите, по што презема мерки против М.Т. и други полициски службеници согласно законските овластувања, информираа од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Одделот за внатрешна контрола, соопштија од МВР, заклучил дека полицаецот постапил спротивно на Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и дека сторил потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина според Законот за внатрешни работи но и според Колективниот договор на МВР.

Исто така, било утврдено дека при преземање на мерки во врска со двата настани, полициските службеници В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. од СВР Тетово постапиле спротивно на Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и на тој начин сториле потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина спротивно на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР.

„Согласно утврденото, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до одделот за дисциплински и судски постапки поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници М.Т., В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник М.Т. да се отстрани од работното место и од Министерството до донесување на решение во дисциплинска постапка и времено да му биде одземено оружјето со муницијата“, се наведува во соопштението од МВР.

На 11 јануари 2024, откако бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад пред Основниот суд во Тетово, извршен од Р.Т. врз А.М., дошол М.Т. и со пиштол му се заканил на А.М..  Истиот ден, околу 18:30 часот во кругот на Клинички центар во Тетово, М.Т. им помагал на Ф.Т. и Р.Т., кои од огнено оружје пукале и ги повредиле А.М. и З.М. од Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ