среда, 15 мај 2024

Денес во Веро центар хуманитарен велигденски настан за лицата со церебрална парализа

Во Веро центар во Скопје денеска од 10 до 14 часот ќе се одржи хуманитарен настан наменет за лицата со церебрална парализа насловен „Хуман Велигден за сите“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат организаторите, на овој настан ќе се изработуваат и продаваат уникатни фигури направени од чоколадо, за најмладите ќе има детска велигденска работилница за креативни изработки, а посетителите ќе уживаат во богата музичка програма, танчерски настапи и во други бројни изненадувања наменети за сите возрасти.

Собраните средства од хуманитарниот настан ќе бидат наменети за опремување на центарот за лицата со церебрална парализа од здружението „Соѕвездие“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ