недела, 12 мај 2024

Дончиќ и Ирвинг го предводеа Далас до нова победа над Клиперс (ВИДЕО)

Далас со 101-90 го победи Лос Анџелес Клиперс и го сврте резултатот во серијата, сега Дончиќ и неговите соиграчи имаат предност од 2-1 во серијата.

Објавено на

часот

Сподели

Клиперс добро го почнаа мечот, ја добија првата четвртина со 23-18, но во вторите 12 минути Далас изгледаше страшно, дадоа дури 36 поени, а примија 18 и го свртеа натпреварот. Дојдоа до водство кое го одржаа до крај за победа од 101-90.

На Дончиќ му фалеше само една асистенција за трипл-дабл, мечот го заврши со 22 поени, 10 скокови и девет асистенции, Ирвинг имаше 21 поен. Во составот на Клиперс, Харден и Пауел постигнаа по 21 поен.

Четвртиот меч од серијата исто така се игра во Далас.

Резултати:
Индијана – Милвоки 121-118 (2-1)
Далас – ЛА Клиперс 101-90 (2-1)
Феникс – Минесота (0-3)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ