понеделник, 13 мај 2024

Штипјанец чувал дрога дома, полицијата го приведе

Приведен 32-годишен штипјанец во чиј дом полицијата вчера пронашла дрога.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и полициски службеници од полициската станица при СВР Штип го лишиле од слобода Б.М.(32) од Штип. При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага“, информираат од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ