сабота, 27 јули 2024

Маж тепал дете во Неготино

Лишен од слобода неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница во Неготино. Случајот го пријавил таткото на малолетникот, информира денеска Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Утринава во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(39) од овој град, постапувајќи по пријава на неготинецот И.С.(44), според која, во сендвичарница во градот, тој физички го нападнал неговиот малолетен син. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, појасни Ѓаковска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ