понеделник, 13 мај 2024

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД (ВИДЕО)

Торнадо беснее низ територијата на Небраска, Ајова и Тексас, пренесуваат американските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Невремето досега однесе најмалку три животи, пренесуваат локалните медиуми, предупредувајќи дека опасноста ќе го достигне својот врв во текот на денот.

Торнадо беше забележано во петокот во југоисточна Небраска, каде беа издадени повеќе предупредувања.

Националната метеоролошка служба го потврди торнадото северно од Вејверли, Небраска, кое се движело североисточно, веднаш по 15 часот во петокот по локално време. Официјалните лица ги повикаа жителите во областа веднаш да побараат засолниште.

Според Националната метеоролошка служба, торнада биле забележани и во близина на Бирд Сити, Канзас, Јодер, Вајоминг и во близина на Акрон, Колорадо.

На источната страна се очекува да се развијат и други бури кои ќе донесат повеќе можни торнада и обилни врнежи од дожд. До сабота постои ризик од влошување на времето со невреме кое предизвикува чести грмотевици и силни налети на ветер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ