сабота, 27 јули 2024

Бајден и Трамп прифаќаат јавна дебата пред изборите

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот опозициски противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, изјавија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Бајден, 81-годишниот претседател, демократ кој се кандидираше за втор мандат, вчера во радио интервју на прашање на водителот дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од Републиканската партија , рече: “Ќе учествувам, некогаш. Не знам кога. Со нетрпение би го чекал”.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, вчера изјави дека е подготвен да дебатира со Бајден „во секое време и каде било“.

Предлагам понеделник, вторник или среда навечер, за време на предизборната средба во Мичиген“ – напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа Трут соушл.

Трамп, кому му се суди за кривично дело во Њујорк, „предложи“ дебатата да се одржи „вечерва, во судницата – ќе бидам таму“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ