сабота, 25 мај 2024

Бобан Илиоски стана светски шампион во кикбокс ВАКО ПРО

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски со судиска одлука го победи Турчинот Берк Дузенли на настанот кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“ и стана шампион во кикбокс ВАКО ПРО во дисциплината К1 до 88,6 килограми.

Објавено на

часот

Сподели

На спектаклот кој се одржа во Скопје македонскиот борец и неговиот противник динамично влегоа во мечот, разменија голем број на удери. Водеа голема борба, Илиоски имаше поддршка и од навивачката група „Комити“. На крајот судиите со 2-1 одлучија дека Македонецот е подобар и тој ја освои титулата.

Претходно се бореше Димитар Ѓорѓиев кој беше поразен со судиска одлука од Србинот Никола Миљковиќ.

Максим Митровски имаше жестока борба во конкуренција на К1 постари јуниори против Алекса Павловиќ, но на крајот излезе како победник од рингот.

Узеир Нелсон со одлука на судиите го победи Лазар Татиќ, откако тргна лошо во борбата и заработи повреда, но потоа успешно се врати и испрати неколку силни удари со кои го погоди Србинот.

Силвио Мировски славеше против Вук Митровиќ со нокаут во втората рунда од настанот, македонската кикбоксерка Викторија Варадинова беше поразена од Теодора Видиќ.

Марија Димовска во борба со Марија Обрадовиќ од Србија победи со 3-0 во категоријата до 62 килограми лоу кик за постари јуниори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ