среда, 29 мај 2024

Му го претресувале автомобилот и домот и му нашле оружје без дозвола

„ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Д.(32) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираа попладнево од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

На втори јуни 2023 година, со наредба од суд, бил извршен претрес во неговиот дом. Притоа биле пронајдени и одземени воздушна пушка со оптички нишан, пет патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар.

При претрес на неговото патничко возило со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени осум патрони ловна муниција кои ги поседувал без дозвола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ