недела, 19 мај 2024

Хутите погодија танкер во Црвеното Море

Хутите во Јемен утринава објавија дека нивните ракети го погодиле нафтениот танкер Андромеда стар во Црвеното Море, додека продолжуваат да ги напаѓаат трговските бродови во областа во знак на поддршка за Палестинците кои се борат против Израел во војната во Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Командантот на бродот пријавил оштетување на бродот, соопшти британската компанија за поморска безбедност Амбри.

Бунтовниците Хути вчера истрелаа три ракети во напад во кој беше оштетен танкерот Андромеда Стар кој пловел под знамето на Панама, соопшти Централната команда на американската војска.

Милитантите Хути, поврзани со Иран, извршија повеќекратни напади со беспилотни летала и ракетни напади во Црвеното Море, теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот залив од ноември, принудувајќи ги испраќачите да го пренасочат товарот кон подолги и поскапи патувања низ јужна Африка.

Нападот на танкерот Андромеда стар доаѓа по краткото затишје во кампањата на Хутите насочена кон бродови со врски со Израел, Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Носачот на авиони УСС Двајт Д. Ајзенхауер во петокот исплови од Црвеното Море преку Суецкиот канал откако ѝ помогна на коалицијата предводена од САД да го заштити комерцијалниот брод.

Хутите во петокот соопштија дека собориле американско беспилотно летало ЕмКју-9 во воздушниот простор на јеменската провинција Саада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ