недела, 19 мај 2024

Русија ги нападна украинските енергетски капацитети во три региони

Во руските напади врз енергетските објекти во Украина оштетени се четири термоелектрани, најмалку еден работник е повреден, соопшти украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Галушченко на Телеграм изјави дека цел на руските напади бил регионот Дњепропетровск во централна Украина, како и регионите Лавов и Ивано-Франковск, пренесува Ројтерс.

Според податоците на енергетската компанија која ги раководи термоелектраните, во нападите сериозно е оштетена опремата на компанијата.

Од 22 март руските сили го засилија бомбардирањето на енергетскиот сектор на Украина, напаѓајќи ги речиси секојдневно термоелектраните, хидроелектраните и друга енергетска инфраструктура.

Украина загуби околу 80 отсто од производството на топлинска енергија и околу 35 отсто од капацитетот за хидроенергија, изјавија официјални лица. Нејзиниот енергетски систем веќе беше ослабен од руската воздушна кампања во првата зима од војната.

И покрај благото пролетно време во последниве недели, Украина се соочи со недостиг на електрична енергија, владата мораше да ја прекине струјата во неколку региони и да се сврти кон итен увоз на електрична енергија.

Во регионот Дњепропетровск, украинската противвоздушна одбрана собори 13 руски ракети, изјави гувернерот Серхи Лисак.

„За жал, не можевме да ги избегнеме сите напади. Енергетските капацитети во регионите на Дњепропетровск и Кривиј Рих беа оштетени, избувнаа пожари. Лисак изјави дека водоснабдувањето е прекинато во градот Кривиј Рих.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ