петок, 6 декември 2024

Обид за убиство на градоначалникот на Арачиново, ранет неговиот возач (ВИДЕО)

Од автоматско оружје попладнево е пукано во градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. Со прострелна рана во градите е погоден неговиот возач, потврдуваат од Министерството за внатрешни раобти. Зголемени полициски сили пристигнаа на влезот во Арачиново, а на местото каде што бил извршен нападот се врши увид.

Објавено на

часот

Сподели

Од Клиниката потврдуваат дека во Ургентниот центар е донесено лице од Арачиново во сериозна здравствена состојба поради прострелна рана во градите, која налага итна хируршка операција.

Градоначалникот не е повреден, a според нецелосни информации, во исто време било пукано и врз лице вработено во општината.

Инаку, градоначалникот Ибраими веќе имаше пријавено дека имал закани од двајца браќа од Арачиново, а пред две години имало и физички напад врз него од три лица, кои потоа биле приведени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ