сабота, 27 јули 2024

Амбасадорката на САД во НАТО ги повика членките од Западен Балкан да го зголемат трошењето за оружје

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во НАТО Џулиен Смит ги повика земјите од Западен Балкан да се фокусираат на своите евроатлантски амбиции и вредностите на отворените и демократски општества.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Радио слободна Европа Смит ги повика членките на НАТО од Западен Балкан да направат повеќе за да ја остварат целта на Алијансата секоја нејзина членка на одбраната да троши барем два отсто од бруто домашниот производ (БДП), особено имајќи ја предвид безбедносната атмосфера и конфликтот во Украина.

Таа ја повика и Србија да не ја продлабочува соработката со Русија и Кина, повторувајќи го предупредувањето на САД за работењето со кинески компании, оценувајќи дека не е време за јакнење на односите со Русија, бидејќи Москва ја почнала најголемата војна во Европа од Втората светска војна.

„Русија дава сè од себе да почне цела низа дезинформациски кампањи кои често погрешно претставуваат што е НАТО. Често се обидуваат да го изнесат тврдењето дека НАТО е директно вклучен во војната во Украина, што е апсурдно и не е точно“, кажа Смит, оценувајќи дека Русија е агресорот кој ја почнал војната во Украина.

Смит кажа дека за напредокот на Косово во приближувањето кон НАТО е важен напредокот во дијалогот кој Белград и Приштина го водат со посредување на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ