сабота, 27 јули 2024

Фатен бегалец од затвор на кој му останале уште над 2 години зад решетки

Полициски службеници од штипската полициска станица во текот на вчерашниот ден го привеле П.И., на возраст од 29 години од село Црвулево, општина Карбинци, поради бегство од кумановскиот затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Казнено – поправната установа „Затвор – Куманово“, поради бегство од затворот, каде издржувал казна од четири години и девет месеци за сторени кривични дела тешка кражба.

Лицето било спроведено до кумановскиот затвор за доиздржување на две години и пет месеци од казната

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ