сабота, 27 јули 2024

Израелски тенк гаѓал бегалски камп во Газа и убил пет свои војници

Пет израелски војници загинале во пријателски оган во северниот дел на Појасот Газа, а тројца се тешко ранети, соопштија Израелските одбранбени сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според израелските медиуми, војниците загинале вчера во пријателски оган од израелски тенкови за време на судир со милитанти на Хамас.

според извештаите тенкот погодил зграда во бегалскиот камп Џабалија, во кој биле сместени војниците. Екипажот на тенкот мислел дека израелските војници се вооружени Палестинци.

Дневниот весник Ерусалим пост пишува дека оклопните возила во тој момент биле под силен оган на противтенковски гранати, па за заштита ја затвориле куполата и оптиката на возачот.

Според податоците на израелската војска, од почетокот на војната во Газа загинале 626 израелски војници, а околу 3.500 се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ