петок, 26 јули 2024
Куп на Македонија

Пелистер добро се испоти, но го помина Тиквеш за пласман во финале

Пелистер и Тиквеш одиграа интересно полуфинале кое го добија битолчани со … и се пласираа во финалето каде ќе го чекаат победникот од утрешната пресметка меѓу Вардар и Алкалоид.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер ја оправда фаворитската улога, но битолчани добро се испотија за да дојдат до планираната победа. Тиквеш се бореше до самиот крај, но неколкуте грешки во финишот од мечот ги чинеа пораз.

Битолскиот тим подобро го почна мечот, брзо создаде предност од три гола, беше 10-7, но потоа следуваше пад на Пелистер и многу подобра игра на Тиквеш која резултираше со комплетен пресврт и водство на кавадаречкиот тим од 13-12.

Во тие моменти Бранко Ангеловски побара тајм-аут, со жесток говор исполнет и со пцовки ги разбуди своите ракометари кои по тој момент го кренаа нивото и на пауза отидоа со водство од 16-13.

Вториот дел повторно беше со подеми и падови на екипите. Пелистер дојде до четири предност, но ја загуби, Тиквеш изедначи на 20-20, се врати комплетно во натпреварот, но финишот им припадна на битолчани кои на крајот дојдоа до триумф од 33-29.

Радивојевиќ со десет голови беше најдобар во составот на Пелистер, Кузмановски даде пет, по четири реализираа Тајник и Пешевски. За Тиквеш, Симиќ и Мијатовиќ дадоа по пет гола.

Во неделното финале Пелистер ќе игра со победникот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид кои играат утре.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ