сабота, 25 мај 2024

Претседателот на МАИ поканет да зборува на Саемот на кингата во Солун

Во рамки на Солунскиот саем на книгата, кој почнува денеска и ќе се трае до недела, ќе се одржи панел-дискусија на тема „Меѓународниот пазар на книги: балканските земји“. На покана на Грчката фондација за култура, учество на панелот ќе земе и претседателот на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов.

Објавено на

часот

Сподели

Координатор на дискусијата ќе биде Јанис Краниас, потпретседател на Грчката федерација на издавачи и книжари, а во неа ќе учествуваат и претставници на издавачките сектори од Албанија, Романија и Бугарија.

„Поканата за учество на оваа панел-дискусија е значаен настан, кој и нашите колеги-издавачи од Грција и ние го гледаме како здрав чекор кон идна плодна соработка. Културата и книжевноста не знаат за граници и верувам дека со нашето претставување ќе придонесеме за афирмација на нашето издаваштво и книжевност во балкански рамки“, вели Бојан Саздов претседателот на МАИ.

Панел-дискусијата ќе се одржи денеска, како дел од Меѓународната професионална програма на Саемот на книгата во Солун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ