сабота, 27 јули 2024
Портоаролот на грчката влада со порака

Маринакис: Нема лично право, уставното име мора да се користи и во јавни настапи

Портаролот на грчката влада Павлос Маринакис изјави деке е неприфатлива логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, како таа на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во врска со поднесените меморандуми од СИРИЗА во грчкиот парламент, а произлегуваат од Преспанскиот догогор, Маринакис рече дека тие можеби ќе дојдат на ред кога ќе се видат конкретни потези од новата Влада во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Договорот од Преспа, нагласи портпаролот Маринакис на денешниот брифинг со новинарите, мора да се почитува во сите формулации.

„Кога станува збор за претседател на држава, највисока позиција, еден од столбовите на демократијата на една земја, не можеме да говориме за двоен јазик и лично право“, одговори Маринакис на прашање на дописничката на МИА од Атина, поврзано со соопштението од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

„Мислам дека е лицемерно ова да се кажува и да се слуша. Односно, за некои работи, каде што треба, ќе бидеме формални, а во нашите јавни настапи ќе го правиме она што сакаме или затоа што веруваме во тоа или затоа што ѝ служиме на нашата публика. Ова не може да биде прифатено од Грција, ниту од која било друга сериозна земја. Кога велиме дека треба да се согласиме дека треба да се почитува еден договор, затоа што таква е нашата обврска од фактот што е ратификуван овој договор, да го правиме тоа во сите наши формулации. Очигледно оваа логика не може да биде прифатена од Грција“, истакна Маринакис

За трите меморандуми за соработка кои партијата СИРИЗА вчера ги достави во грчкиот парламент, владиниот портпарол рече дека е „еден од најнесфатливите потези на опозицијата“,

„Ниту еден грчки граѓанин не сфаќа на што му служи оваа постапка, зошто такво брзање. Од моментот кога претседателката на Северна Македонија не ја прифаќа основната, првата точка од Договорот, главната опозиција во Грција сака ние сè да направиме, сè да изгласаме“, рече Маринакис и додаде дека доколку видат соодветна позиција од новата Влада, тогаш ќе влезат во конкретната дискусија.

На новинарско прашање за натписите во медиумите дека адвокатската канцеларија на актуелниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис учествувала во составувањето на Договорот од Преспа, Маринакис категорично ги демантираше ваквите информации, истакнувајќи дека станува збор за лажни вести и за „научна фантастика“.

„Господинот Герапетритис ниту знае, ниту има разговарано, ниту некогаш се има сретнато со Коѕијас, како што и самиот ни има кажано. Воопшто не ни знае кој го состави Договорот од Преспа и за содржината беше информиран кога Договорот јавно се објави“, одговори портпаролот на грчката Влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ