Според Дурмиши, поскапувања има само кај сезонски производи кои не спаѓаат во делот на основните прехранбени.
„Денеска се слушнав со директорот. Утре ќе биде доставена до Влада информацијата за вонредните контроли во мај. Ќе не известат точно како се движеле цените по завршување на мерката. Од она што знам засега, нема драстично зголемување на цените, само на производи кои се сезонски, но тие не спаѓаат во делот на прехранбените основни производи. Од она што усно ме информираше директорт на ДПИ, немаме драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. Утре подетално ќе бидеме известени, а извештајот ќе биде доставен и до медиумите и до граѓаните“, истакна министерот.
Дурмиши информира дека утре ќе биде доставен и извештајот за тоа колку трговците ја почитуваат одлуката за транспарентност и објавување на цените на производите на нивните веб страници.