вторник, 28 јули 2026

Во акциска контрола на МВР казнети 178 возачи

Вчера во периодот од 17 до 22 часот МВР спроведе акциска контрола на територијата на цела Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила, при што санкционирани се 178 возачи, соопшти попладнево МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело безобѕирно управување со моторно возило, сите возеле без возачка дозвола, а пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
Санкционирани се 11 возачи на лесни електрични возила, од кои пет поради неносење на рефлектирачки елек при управувањето за време на намалена видливост.
За време на контролата санкционирани се и 130 други видови на сообраќајни прекршоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ