понеделник, 20 јули 2026

Владата интервентно обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции, брифираат од Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Дистрибуцијата на водата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови:

– Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
– Градинка „Пролет“,  ул. Беличица бр. 47
– СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39
– ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
– АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска
– Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг,  ул. Чеде Филиповски бр. 29
– Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35

Истовремено, како што наведуваат од Владата, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба.

„Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање“, велат од Владата.

Приоритет на Владата, посочуваат оттаму, останува заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосното надминување на состојбата, а Владата ќе продолжи да презема сè што е потребно за обезбедување поддршка на граѓаните сè до нормализирање на состојбата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ