„Со оваа одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните спорови , како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос“, објаснуваат од М-НАВ.
Од М-НАВ АД Скопје го поздравуваат решението на Судот и ја нагласуваат својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Македонија.






