понеделник, 7 јули 2025

СОЗР: Одговорност и грижа за државниот имот

За една година ја саниравме исклучително лошата состојба во голем дел од државните објекти што се под наша надлежност. Негрижата, запуштеноста и отсуство на системско одржување во изминативе години доведе до сериозно влошување на инфраструктурата и функционалноста на овие објекти. Спроведовме низа конкретни активности за санација, реконструкција и ставање во функција на голем број објекти, се вели во денешното известување на владината Служба за општи и заеднички работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Просторот околу Владата доби репрезентативен лик – ја вративме оградата, комплетно реконструирана по претходно неадекватно складирање и уништување, а целосно го уредивме и дворот – хортикултурно е обновен, поставени се рефлектори, автоматизирани системи за наводнување и санирани се сите оштетувања. Поранешниот објект на Комерцијална банка, чија изградба беше во застој, сега е речиси комплетно завршена, реализирани се 78% од потребните зафати.

Вилата Свети Стефан во Охрид беше буквално невидлива од обрасната вегетација – сега е расчистена и пристапна, со делумно функционална внатрешност

Куќата на Хаџиманови пред Владата, која долги години беше неискористена, сега е во функција со комплетно обновена електрика и водовод.

Вилите на Водно и во Охрид, кои сè уште се водат како дивоградби, влегоа во постапка за легализација и добивање имотни листови.

Во Клубот на пратеници, преземени беа поголеми зафати на одредени сали, се купи нова опрема и инвентар и моментално успешно се користи за настани од државен карактер.

Комплексот Македонско село, оставен да пропаѓа повеќе од 7 години, повторно е ставен во функција по пат на избор на концесионер

Во тек се постапки за јавни набавки за санација на покривите на државните институции, кои беа причина за сериозни проблеми со прокиснување и оштетувања на објектите.

Преземените активности претставуваат конкретен доказ за нашата одговорна и домаќинска грижа за државниот имот. Наместо запуштеност и занемарување, денес државните објекти се ставени во функција, уредени и достапни за потребите на институциите и граѓаните. Преку системски пристап, вложување и ангажирање на сите ресурси, воспоставуваме нов, соодветен стандард во управувањето со јавниот имот – стандард на професионалност, отчетност и грижа“, соопшти СОЗР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ