„Арифи, тетовчани не се валкани како што ги нарекувате, туку вие немате поим како се води една општина.За доброто на градот, еве ние како АА ви даваме неколку совети за вашите последни два месеца пред пензионирање:
1. Не ви треба математичар во кабинетот, но барем да имате еден советник кој знае да брои. Депониите се создаваат затоа што нема доволно контејнери. Таква е ситуацијата уште пред осум години, затоа не ја покривајте вашата неспособност барајќи валканици кај другите.
2. Оставете ги малку настрана зградите, бизнисите и Дака Давидовиќ од Јелак, и сетете се на вработените на ЈКП, кои со месеци ги оставате без плати.
3. Нема потреба да ве информираат граѓаните, ваша обврска е да знаете каде има депонии. Инаку, депонии има насекаде низ градот. Ова треба да го знаете, ама треба некогаш и да прошетате по градските населби, а не само еднаш на четири години кога ви требат гласови.
На крај, покажете малку почит кон тетовци, бидејќи на нивен грб успеавте да се подигнете како политичарка. Немојте да ја продолжите традицијата на навредувања кога ќе почувствувате пораз, како што направи вашиот претходник кој ни посака затруена вода“, соопшти Алијанса за Албанците.






