понеделник, 17 ноември 2025

Сиљановска-Давкова – Пелегрини: Словачка е еден од најверните и најпосветени поддржувачи на европската интеграција на Македонија

Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само во рамки на Вишеградската група, туку и со активното учество во групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со денешната средба, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзниот словачки колега Петер Пелегрини. 

Објавено на

часот

Сподели

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава.

„Двајцата делиме став дека проширувањето мора да се темели на Копенхашки критериуми од кои, како што рече, не треба да бегаме.  Значи да е засновано на заслуги и да е засновано на резултати, да не зависи од дополнителни ирационални политички условувања кои на некој начин го узурпираат процесот на евроинтеграцијата“, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова рече дека нашата надворешна и безбедносна политика, а тоа, како што рече, го знаат сите членки на ЕУ и сите институции и нивни функционери во ЕУ, е целосно усогласена со онаа на ЕУ.

„Ние продолжуваме активно да придонесуваме за колективната и за регионалната безбедност бидејќи таа безбедност е и наша безбедност, потенцира претседателката. Порача дека е потребна поголема соработка, меѓусебна доверба, солидарност, не само во ЕУ и НАТО, туку и во рамки на Обединетите нации“, истакна македонската претседателка.

Денешната средба, како што рече, е потврда дека има одлични билатерални односи меѓу Македонија и Словачка како израз на зеадничката волја и решеност за продлабочување во иднина.

„Политичките односи беа и денес ги оценивме како исклучително добри. Посакувам подобра економска соработка, но за таа цел го поздравувам потпишувањето на меморандумот за економска соработка и очекувам да отвори нови можности за проекти, инвестиции и за бизнис партнерства, рече Сиљановска-Давкова.

„Со Словачка нè врзуваат заедничкото наследство на светите браќа Кирил и Методиј, блиски култури односи, сестрано и долготрајно пријателство“, потенцира претседателката.

Посочи дека верува во културна дипломатија и додаде дека ја цени заинтересираноста на словачката академска јавност за македонски јазик и култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ