„Скопје е нашиот дом и време е да се избориме за него“, порача Шукова, нагласувајќи дека целата кампања се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат животот во градот.
Таа го претстави јасниот план за Скопје што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро – со повеќе зелени површини, нови паркови, ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.
„Имаме решенија и за најтешките проблеми отпадот, Дрисла, Вардариште. Со професионално управување, современи технологии и европски стандарди, Скопје конечно ќе стане чист и одржлив град“, изјави Шукова.
Таа додаде дека визијата за Скопје подразбира град без урбан хаос, со пешачки зони, велосипедски патеки и јавен превоз што функционира, град каде што жените имаат поддршка, младите можности, децата едукација и забава, а уметниците слобода.






