петок, 22 мај 2026

Сашо Мијалков вечерва со насмевка го напушти Истражниот затвор во Шутка, вели нема зошто да бега

Објавено на

часот

Сподели

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за притворот во случајот „Плацеви на Водно”.

Гаранцијата за тоа дека нема да бега е 11 милиони евра во имот. Оваа гаранција веќе беше понудена и за притворот во случајот „Трезор”. За овој случај Мијалков доби првостепена пресуда од осум години затвор.

Апелацискиот суд за случајот „Трезор” минатата недела ја прифати гаранцијата и го укина притворот, но истиот ден по итна постапка, за случајот „Плацеви на Водно”, на предлог на обвинителката Лиле Стефанова беше побаран притвор за Сашо Мијалков од 30 дена и веднаш беше прифатен од кривичниот совет на Основниот кривичен суд. И во случајот „Плацеви за Водно” Мијалков е еден од обвинетите, заедно со Никола Груевски и Орце Камчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ