Ајдари, роднина на осудениот Фејзи Азири, ги повика претседателот Пендаровски и министерот за правда, Маричиќ, да ги земат предвид претставените материјали и случајот да го испита меѓународната заедница.
Ајдари, повикувајќи се на „доказите” на својот роднина Азири, истакна дека еден сведок дал лажна изјава за фамозната „опел омега”, како и вештакот по микро-траги и земја. Вистината не е таква како што вели судот, туку како што велат доказите, рече Ајдари.
Во писмото Азири вели дека лицата Никола Груевски, Сашо Мијалков, Трајко Велјановски, Гордана Јанкуловска, Синиша Алексовски, Горан Грујоски и Илија Смилевски се нарачатели на петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година.
„Груевски го нарачал петракното убиство на 12 април 2012 година во време на празникот Велигден со цел да испровоцира меѓуетнички конфликт во државата и да го привлече вниманието на меѓународната заедница за неуспехот за членство во НАТО и ЕУ. Исто така, и за да го привлече вниманието за финансиските скандали.
Планот за петкраното убиство го реализирал Мијлаков за да му помогне на неговиот братучед Никола Груевски да воспостави диктатура и да стане милјардер. Јанкуловска учестувала во ова сценарио за да остане министер за внатрешни работи и за нејзини финансиски придобивки.
Горан Грујовски како организатор на петракното убиство учестувал за да биде назначен на чело на петата управа, за финансиски придобивки и привилеги, односно за да му служи на неговиот шеф. Илија Смилевски како поранешен директор на пета управа, сектор за тероризам, е убеден намерно да го води секторот за тероризам за придобивање на привилеги и да ги напаѓа луѓето и компаниите за финансиски придобивки“, пишува Азири.
Тој за обвинителката Фатиме Фетаи вели дека е „голема актерка која одигра голема улога во заштита на вистинските автори на кривичното дело“.
На 23 февруари годинава судот во повторена постапка за петкратното убиство кај Смилковското Езеро за виновни со доживотни казни затвор ги прогласи Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години затвор одреди за Фејзи Азири, а девет години затвор доби Хаки Азири.






