На средбата двајцата министри разговарале за унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција и соработката помеѓу центрите за обука на полициските службеници. Министрите на средбата потпишаа и протоколот за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола. Министерот Кондратович исто така, даде јасна поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјата.
„Со тоа што министерот се понуди со целокупниот негов тим да бидат на располагање на македонските полициски службеници, на Министерството за внатрешни работи во однос на исполнување на сите услови кои се зададени од Еропската Унија, моја лична благодарност и се надевам дека нашата соработка ќе биде зајакнета и ќе биде на уште повисоко ниво“, изјави Тошковски.
Кондратович, исто така изрази надеж дека во иднина соработката помеѓу двете министерства ќе биде зацврстена.
„Нашите земји остваруваат соработка на повеќе нивоа и ја подржуваме нашата заедничка посветеност кон одржување на вредностите на Европската Унија, регионалната соработка и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ја зацврстуваме нашата соработка. Со ова ја зајакнуваме нашата соработка вo однос на безбедноста и денеска потишавме еден меѓународен договор што значи подобро работење и взаемно разбирање и продлабочување на сорботката“, рече Кондратович.
Во однос на поддршката за евроинтеграцискиот процес на земјата, тој посочи дека како земја членка која веќе 30 години е дел од Унијата се подготвени да ги споделат нивните искуства и научени лекции.
„Литванија целосно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и согласно нашето исксутво, навистна е еден трансформативен процес. Ние го започнавме ова патување пред 30 години и навистина се забележува зголемениот просперитет на земјата и тоа да се постигне потреребна е посветеност. Покрај сите позитивни нешта, овој процес има свои предизвици и нависитна не е лесен процес, меѓутоа носи многу проидобивки за граѓаните и ние сме подготвени да ги споделиме сите лекции кои ги научивме. Исто така, разговаравме и на пошироката тема на управување со границите’, истакна Кондратович.