Анонимно е, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или е-меил адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат.
На пример, може да се пријави подолго чекање на некоја клиника, или пак некоја нерегуларност, а може да се приложат и фотографии и документи како докази.
На крајот од секој месец, предвидено е јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи колку неправилности биле пријавени од страна на граѓаните.
На брифингот беше кажано и дека се работи на менување на одредени закони.