четврток, 30 април 2026

ЗНМ бара од МВР да ја гарантира безбедноста на новинарите и снимателите

Објавено на

часот

Сподели

Анонимните говорници на овој протест не само што самите преку својот говор ја загрозија безбедноста на медиумските работници, тие дополнително ја поттикнаа и присутната толпа да учествува во омаловажувањето новинарите, нагласува Здружението.

„Здружението на новинари на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи гарантирање на безбедноста на присутните новинари и сниматели, на протестите кои се одржуваат против новите анти ковид мерки. Слободата на говор и правото на протест е загарантирано право и уставна категорија, меѓутоа кога со злоупотребата на овие права се загрозува безбедноста и животот на другите, во случајов новинарите, бараме итна превентивна реакција на институциите.

Говорот на омраза кон одредена група може да поттикне насилство од омраза за кое кривичниот законик предвидува поголеми затворски казни. Исто така, новинарите кои се службено присутни на јавни протести со цел истите да ги проследат таму се на работна задача во интерес на јавноста и правото на информирање. Нарушување на нивната безбедност од јавни настани го ускратува и правото на граѓаните да бидат информирани“, се вели во соопштението на Здружението на новинари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ