„Со потпишување на заедничката декларација за интеграција на земјава во НАТО се заокружува процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. Северна Македонија посветено работеше на процесите кои ја овозможија воената интеграција со што земјата гордо застанува рамо до рамо со нашите сојузници во НАТО“, потенцира Владата.
Во соопштението се вели дека премиерот Заев, министерката за одбрана Шекеринска и генералот Лавињ разговарале и за придобивките од членството во НАТО како и за придонесот за стабилноста во регионот кој гарантира инвестиции во државата. Владата нагласува дека се дискутирало и за придонесот што Македонија го дала во мисиите на НАТО.
„На средбата беше истакнато дека церемонијално потпишување на заедничката декларација е споделена чест и гордост од посветеноста на сите кои учествуваа во овој процес“, пишува во владиното соопштение.






