петок, 1 мај 2026

Заев: Максим Димитриевски се самоисклучи од СДСМ зашто истапи како независен

Објавено на

часот

Сподели

Определбата на актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски прерано да го напушти процесот на селекција на кандидати за локалните избори базирана на истражуања и анкети и да не ја дочека одлуката на СДСМ, претставуваше негова лична одлука и со тоа се самоисклучи од СДСМ, изјави денеска лидерот на Социјалдемократите Заев.

„Статутот на СДСМ, создаден според сите демократски определби, прави јасна дстинкција. Кога ќе одлучите дека треба да го напуштите СДСМ, тоа е опишано на неколку начини како тоа го правите, а еден од тие е токму тоа – истапувате од СДСМ и одите како независен кандидат. Максим Димитриевски се одлучи за тоа. Тоа е негова одлука и Максим тргна против Максим. На СДСМ му преостана на првиот Централен одбор да го формализира тоа што Димитриевски го направи, односно исклучување од СДСМ“, рече Заев во одговор на новинарско прашање по денешната промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија” во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”.

Тој посочи дека статутот е устав во СДСМ, најважниот и највисок документ по којшто работат и е израз на максимална демократска процедура во партијата.

„СДСМ е демократска партија која одлуките не ги носи на основа на ставови на поединци, ги своите органи и тела, преку својот Статут. Во него е јасно опишано дека кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе се спротивставите на СДСМ, не можете истовремено да бидете и член на СДСМ, а можете слободно да ги кажете вашите различности, можете да дојдете во органите и телата на партијата, можете да дискутирате, да се борите за вашите ставови. Најдоброто во СДСМ е тоа што различните ставови многу често и победуваат дури и кога не се ставови на највисокото раководство на СДСМ. Максим беше член на Конгрес, по функција член на Централниот одбор како градоначалник, секогаш го имал правото да дојде да дискутира и да ги каже своите забелешки, така што овде е јасна процедурата како се донесуваат одлуките“, прецизира Заев.

За настапувањето на локалните избори со независни листи рече дека е богатство што доаѓа со слободата, а со тоа и демократијата на определба.

„Тоа автоматски значи влегување во конкуренција со политичките субјекти коишто традиционално се првата понуда на граѓаните токму преку политичките програми, преку политичките визии за нивен настап. Сите партии, така и СДСМ кога ќе имаат спротивставен досегашен член за којшто е вложено во неговото работење, постапуваат така. Во Куманово ќе победи оној кој што победувал и во изминатите 30 години – СДСМ“, рече лидерот на СДСМ.

За повторното некандидирање на актуелниот градоначалник на Општина Радовиш Герасим Конзулов на локалните избори, Заев рече дека тоа е направено, бидејќи анализите покажале дека 60 отсто од граѓаните на Радовиш сметаат оти не заслужува втор мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ