„Тоа е нешто за што допрва треба да се разговара, затоа што за тие политички процеси се преговара и со коалициските партии и тоа ќе трае. Кога ќе има соодветни одлуки, ќе разговараме, ќе се евалуираат“, одговори на новинарско прашање министерот Филипче дали тој ќе биде еден од министрите кои ќе бидат дел од реконструкцијата во владата.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи претходно најави реконструкција на владата и промена на 6-7 министри.
„Сметам дека треба да остане да работи оној којшто се пронаоѓа во себеси во министерската работа, без разлика за кое министерско место станува збор. Секако да остане и тој што покажал резултати, а евидентни се критериумите за успех во работата. Сепак тоа го прави премиерот. Јас не се оптоварувам со тоа прашање, затоа што сме фокусирани на пандемијата“, изјави Филипче.






