Од тие причини, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) континуирано инсистира на посебни одделенија во кривичниот суд и обвинителството за зголемување на ефикасноста во заштитата на правата на новинарите. Бројот на напади во споредба со претходната година во 2020 година е зголемен, а повеќе од половината се кон жени новинарки.
Референтните вредности за индексот се од оценка 1 (најлошо) до 7 (најдобро) на четири посебни области. Од седумте земји на Западен Балкан, Македонија има средна оцена 3.93, која иако не е висока, сепак земјата ја прави да биде подобра од останатите земји вклучени во процесот. Во наредните години, подобрувањето или влошувањето на состојбата во сите земји ќе се мери земајќи ја предвид оценката за 2020 година како референтна година.
Индексот се однесува на 2020 година и се потпира врз истражувачки податоци, собрани и анализирани од партнерите на платформата на новинарски здруженија од Западен Балкан „Safejournalists.net“, врз основа на ригорозна истражувачка процедура. Собраните податоци за неколку различни сфери поврзани со „безбедноста на новинарите“ се изработени во форма на индикатор – Индекс на безбедност на новинарите, со цел преку бројки да се измерат промените во седумте земји од Западен Балкан за минатата година.
Повеќе детали за теоретската рамка и за процедурата за развивање и пресметка на Индексот, како и сите извештаи за земјите од Западен Балкан може да се најдат на следниот линк, а Индексот за безбедноста на новинарите на Западен Балкан е објавен на македонски и англиски јазик.






