„Власта наместо на страна на земјоделецот се става на страна на откупувачите со што не се цени, односно се гази по трудот на земјоделците.
За разлика од Заев и Владата предводена од Заев, ВМРО-ДПМНЕ се грижи се грижи за земјоделците. Токму затоа во прва прилика ќе предложи измени на Законот за тутун.
ВМРО-ДПМНЕ со предложените измени ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец.
Целта е да се постигне повисока откупна цена на тутунот со што ќе се вреднува трудот на тутунарите, бидејќи Заев и Владата предводена од СДСМ ги пљачкаат тутунарите бидејќи откупната цена не е доволна да се покријат основните трошоци за производство. Заев овозможува да се увезува тутун од странство газејќи по домашните тутунопроизводители“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






