„Некој им пришол на еврооптимист и на европесимист. Го прашал еврооптимистот кој е неговиот став за прошурувањето. Тој одговори: Турција ќе влезе под северномакедонско или албанско претседателство со ЕУ. Потоа истото прашање му го упатил на европесимистот. Тој одговори: Секако Северна Македонија и Албанија ќе влезат за време на турското претседателство“, раскажа Рама, а меѓу присутните настана смеа,како за добар виц. (На видеото вицот е од 1.05 до 1.45 минута).
Потоа Рама се заврте кон бугарскиот претседател Радев кому му упати молба со следниве зборови:
„Ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете само Европејци, бидете Балканци, отворете го патот, отворете го патот за разговори“. (На видеото овој дел е од 6.50 до 7.10 минути).
Радев остана само со насмевка на лицето.
[video:https://youtu.be/CMh4tZDH78Q autoplay:0]





