среда, 6 мај 2026

Вечерва премиера на документарниот филм „30 години државност, Уставот темел на иднината”

Објавено на

часот

Сподели

Преку богатата видео архива на случувањата низ овие 30 години, во филмот е прикажано влијанието на уставните промени во развојот на државата, граѓанското општество и созревањето на нацијата.

Говорниците, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски, со личен осврт кон случувањата и уставните промени говорат за трансформацијата која е направена и за искушенијата низ времето.

Оригиналната идеја за филмот е на универзитетскиот професор  д-р Александар Спасеновски и тимот на Институтот за општествени истражувања „МК91″. Сценариото е на Дарко Чекеровски, режисери и директори на фотографија се Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, а монтажер е Марко Џамбазоски.

Проектот е спроведен од КАС, во соработка со Институтот за општествени истражувања – МК91 и Центарот за социјални иновации БЛИНК 42- 21.

Продуцент е официјалниот претставник на фондацијата, Даниел Браун, продуцент од МРТ1 е Наталија Зафировска, одговорен уредник на МРТ1 Анета Андонова и уредник на информативна програма на МРТ1, Стојан Трпчевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ