петок, 1 мај 2026

Васев: Мицкоски кандидира лица од матрицата на Груевски кои сториле кривични дела

Објавено на

часот

Сподели

„Во медиумите се појавија написи за сомнителното минато на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворан заради неовластено производство на опојни дроги и психотропни супстанци? Истовремено, за кандидатката за градоначалник на општина Крушево, Билјана Проеска, во јавноста постојат документи според кои е осудувана во 2015 година на условна казна затвор заради фалсификување исправа.Пресуда со условна казна за учество во тепачка има и за кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски“, рече Васев.

Според неговите зборови, тоа доказ дека ВМРО-ДПМНЕ предводена Мицкоски не е поместена ниту милиметар од режимско – насилничката матрица.

„Со ваква понуда на лица кои во најмала рака имаат проблематично минато, со ваков потценувачки однос кон сопствените граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува нов пораз и во Гази Баба и во Крушево и во Бутел, но и низ целата држава“, рече Васев нагласувајќи дека граѓаните не сакаат осудени и лица кои имале проблеми со законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ