четврток, 30 април 2026

Стојанче Ангелов именуван за директор на ЦУК

Објавено на

часот

Сподели

По избувнувањето на пожарот во Кочани на 2 август и информацијата за несервисираните канадери, тој беше обвинет од опозицијата и од дел од јавноста, за лошо менаџирање на ситуацијата. ВМРО-ДПМНЕ побара од него и да си поднесе оставка.

Но, Ангелов неколку пати потенцираше дека не само што не направил никаков пропуст како прв човек на ЦУК, туку е и горд на реализираното во врска со гасењето на пожарот во Кочани.

„Најодговорно и категорично тврдам дека беа преземени сите мерки, се што ни беше на располагање се стави во функција тој ден. Не само што не направив пропуст, туку сум и горд на тоа што го направиме во Кочани“, истакна Ангелов во денешното гостување на Канал 5 и најави тужба за пратеникот од Кочани доколку, како што рече, не му се извини за изнесените невистини.

За Ангелов, реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во Кочани е невкусна и неточна, за добивање политички поени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ