петок, 1 мај 2026

Попишувачите се дома, пописот во прекин, причините не се соопштени

Објавено на

часот

Сподели

Медиуми кои имале среќа директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски да одговори на нивниот телефонски повик објавија дека тој ги замолил ништо да не го прашуваат со напомена дека е на состанок и дека од Владата ќе има соопштение.

Инаку, на вториот ден од почетокот на пописот, попишувачите се судрија со технички проблем, поради оптовареност на апликацијата тие не можеа со своите лаптопи да внесуваат податоци, по што, наредниот ден, како што тогаш изјави Симовски, проблемот бил надминат, апликацијата била апдејтирана, а системот потоа рестартиран.

Кои се причините за прекинот на пописот на населението и дали тоа значи дефинитивен прекин на целата теренска операција не е познато. Постојат и информации дека пописот ќе продолжи само електронски, од канцеларии, со користење на базите на податоци за граѓаните, домаќинствата и имотот, кои ги имаат повеќе државни институции во дигитална форма.

Некои информации велат дека бил и голем бројот на граѓани кои одбивале да соработуваат со попишувачите, што претставува закана за успешност на теренската активност.

Пописот на населението во април беше одложен за септември поради тогашниот ковид-бран. Предвидено е да трае од 5 до 30 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ