среда, 6 мај 2026

Полскиот претседател Анджеј Дуда пристигна во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Дуда на Аеродромот во Скопје беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Добредојде во Северна Македонија за претседателот на Република Полска“, Анджеј Дуда.

Оваа посета преставува потврда на традиционалното пријателство меѓу Северна Макеоднија и Полска кое неодамна е засилено и со нашето сојузништво во НАТО. Особено ја цениме искрената поддршка за европската интеграција на нашата земја, преку кои го засилуваме нашите пријателски врски, напиша Османи на својот фесјбук-профил по пречекот на Дуда.

Полскиот претседател утре ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила Водно од неговиот домаќин, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел Мериот.

Двајцата претседатели ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ