среда, 6 мај 2026

Петков: Добрососедството со Македонија не треба да се урне со историјата

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува МИА од Софија, Петков повторил дека за решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата. Според него, така може многу да се добие. 

„Ако не се излезе со тимовите кои ги знаат и предностите и проблематичните точки, нема како да се дојде до крајното решение”, рече Петков, изразувајќи уверување дека нема да има проблем со коалициските партнери по прашањето со Македонија.

Според него, најлоша варијанта би било темата Македонија да се користи за политички пароли и цели. 

„Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим”, вели тој.

Во однос на тврдењата во медиумите дека Бугарија е изложена на огромен притисок од страна на САД по тоа прашање, Петков вели дека не постои човек на планетата кој ќе крене телефон и да каже направете го тоа, што ви го кажав.

„Единствениот начин некој да не натера нешто да направиме е да не убеди дека тоа е најправилно за Бугарија. На ниту еден друг начин тие не можат да влијаат”, оценува Петков. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ