среда, 6 мај 2026

Новинари од Авганистан кои добивале закани по живот од талибанците пристигнаа во државава

Објавено на

часот

Сподели

Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава по барање на Меѓународната организација на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Со прифаќање на овие авганистански граѓани, земјава ја продолжува активната улога во големата хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, безбедносна проверка, заштита и ПЦР тест.

Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од организацијата Новинари за човекови права.

Во земјава во моментов престојуваат 534 граѓани на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од државава до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ